Претседателот на Наполи Аурелио де Лаурентис изјави дека вратите на „Сан Паоло“ се отворени за поранешниот голгетер на тимот, Едисон Кавани. Уругвајскиот напаѓач најави дека сака да си замине од ПСЖ, а Наполи е еден од кандидатите за неговиот потпис.
„Кавани е многу добар играч. Тој постигна над 30 гола за Наполи. Изборот сега зависи од него, затоа никој не може да го задржам против негова волја во ПСЖ. Јас сепак не сум катарски шеик. Ако навистина сака да замине од таму и да дојде кај нас, ние сме подготвени да разговараме, но јасно е дека не можеме да му ја дадеме истата плата како во ПСЖ“, изјавил Де Лаурентис.

