Поранешниот менаџер на Челзи, Антонио Конте конечно го раскина договорот со клубот и веќе може да стане слободен и да преговара со друг клуб.
Италијанскиот тренер беше сменет од позицијата менаџер на Челзи во јули оваа година, но неговиот договор не беше раскинат затоа што не беше согласен за условите за престанок. Конте самиот немаше право да потпише со нов тим ако не го организираше тоа Челзи на било кој начин. Интересот за поранешниот менаџер на лондончани има , а беше објавено од шпанските медиуми дека Реал Мадрид е заинтересиран за неговите услуги.
Последните гласини за евентуално отпуштање на Јулен Лопетеги од „Бернабеу” очигледно се вистина, бидејќи Конте веќе е целосно слободен на пазарот на трудот и очекува понуди. Според весникот „АС“ при негативен резултат на неделното „Ел Класико” против Барселона, Лопетеги ќе биде отпуштен и претседателот Флорентино Перез ќе го повика Антонио Конте.
Меѓутоа, братот на Конте, Даниеле, кој исто така е негов агент изјави дека никој од Реал не го барал. Весникот „Сан“ исто така тврди дека Маурисио Почетино е првиот избор на Флорентино Перез.

