Поранешниот селектор на Англија, Свен Горан Ериксон, ќе го предводи националниот тим на Филипини.
70-годишниот Швеѓанец, кој во последно време беше поврзуван со функцијата селектор на Ирак и Камерун, ќе пристигне во Манила следната недела за да почне со работа во тренинг кампот на Филипини пред стартот на регионалниот турнир Сузуки Куп, кој започнува на 8 ноември.
