Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола кој ги забележа најголемите успеси додека го водеше тимот на Барселона, вели дека денешното „Ел Класико“ меѓу Каталонците и Реал Мадрид ќе донесе атрактивен фудбал.
По речиси една деценија големата пресметка на лутите шпански ривали ќе помине без Кристијано Роналдо кој замина во Јувентус и Лео Меси кој е повреден и не е во ростерот на Барселона. Гвардиола изјави дека заминувањето на Португалецот е голем хендикеп за „кралевите“ бидејќи тимот ќе остане без неговите 50-60 голови во просек по сезона.
„Роналдо е исклучителен фудбалер и тоа не само поради головите туку и поради асистенциите. Тој е единставно незаменлив! Шпанскиот фудбал имаше голема среќа што толку многу години можеше да гледа дуели на Роналдо и Меси“ – вели Гвардиола пред денешниот меч на „Kамп Ноу“ кој ќе започне во 16.15 часот.
