Менаџерот на фудбалерите на Њукасл, Рафаел Бенитез, може да ја продолжи кариерата во кинеското првенство, објавија денеска медиумите во Англија.
58-годишниот специјалист добил понуда од Шангај Шенхуа. Кинескиот клуб му понудил на Бенитез плата од 11 милиони евра за една сезона. Во исто време, шпанскиот тренер со екипата од северна Англија има договор до крајот на првенството, но, нова соработка не е на повидок.
Самиот Бенитез на неколку пати изрази желба да остане. Од почетокот на сезоната, Њукаксл има освоено само 3 бодови во 9 натпревари и се наоѓа на 19-то место на табелата.

