Новиот менаџер на екипата на Дерби Каунти, Френк Лампард, кој како играч во Челзи имаше можност да ја освои титулата во Премиер лигата, изјави дека и оваа година лондонските „синие“ имаат реални шанси да дојдат до титулата.
„Навистина мислам дека Челзи може да ја освои Премиер Лигата. Верувам дека тимот е меѓу оние кои имаат реални шанси за титулата оваа сезона. Сите знаеме дека Манчестер Сити е многу силен, како и Ливерпул со Тотенхем, но Челзи не заостанува зад нив. Кога Азар е во форма, како што е сега од почетокот на сезоната, Челзи има фудбалер со неверојатно ниво, кој може да ве поведе да направите голем успег. Мислам дека Челзи нема да застане и ќе го гледаме во борба за титулата до крејот“, вели Лампард.