Голгетерот на ПСЖ Единсон Кавани е пред враќање во Наполи. Во Италија се повеќе се зборува дека уругваецот сака повторно да го облече дресот на овој клуб и тоа може да се случи уште во јанаури кога се отвора зимскиот преоден рок.
Кавани никогаш не криел дека е многу приврзан кон тимот и кон градот Неапол, а претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис истакна дека со драго срце би прифатил Кавани да се врати на „Сан Паоло”.
Според информациите објавени во Италија, преговорите за враќањето на Кавани се веќе во тек. Напаѓачот има договор со ПСЖ до 2020 година, но е во затегнати односи со суперѕвезда Неимар и тоа е една од причините што својата ја гледа далеку од „Парк де Пренс”.
Кавани е подготвен да се согласи за помала плата и со тоа да помогне во договорот. Неговите деца сѐ уште живеат во Неапол и навивачите продолжуваат да го сакаат. Помеѓу 2010 и 2013 година, Уругвајскиот фудбалер постигна 104 гола во 138 натпревари за Наполи.