Дефанзивецот на ПСЖ, Дани Алвеш, ќе го одржи првиот тренинг денес откако ја синараше тешката повреда, пишува весникот „L’Equipe“.
35-годишниот Бразилец имаше повреда на коленото и го пропушти светското првенство во Русија. Тој страдаше во финалето од Купот на Франција кое се играше на 8-ми мај.
Целата рехабилитација на Алвеш траеше цели 6 месеци, а Томас Тухел нема да се брза со неговото ставање во игра. Не е исклучено овој фудбалер да се приклучи на составот на ПСЖ з анатпеварот со Лил на 2 ноември во Лига 1.
Но,од друга страна играчот кој го замени Алвеш, белгиецот Томас Муниер одлично се снајде и во отсуство на Алвеш одлично се претстави.