Бока Јуниорс и Ривер Плата ќе играат во финалето на „Копа Либертадорес“. Никогаш порано двата големи ривали од Аргентина не се сретнале во финалната борба за титулата на ова натпреварување во Јужна Америка.
Бока обезбеди место во финалето по нерешените 2:2 против Палмеирас. Аргентинците го добија првиот натпревар со 2:0. Ривер Плата стигна до финале по драматичниот реванш дуел против минатогодишниот шампион Гремио. Аргентинеците победија со 2:1 како гости во Бразил.
Бока Јуниорс ќе биде домаќин на „Бомбенера“ во првиот финален меч кој ќе се игра на 7 ноември, а реваншот ќе се игра три недели подоцна.