Јужнокорејскиот фудбалски репрезентативец Јанг Хјун Со се соочи со суспензија, откако се обидел да избегне да служи во армијата на земјата. Фудбалерот е суспендиран од националниот тим во обид да фалсификува документи за служба во армијата, а исто така добил и парична казна.
Според законите на Јужна Кореја, секој човек на возраст од 18 до 35 години е должен да служи во армијата на 21 или 24 месеци. За фудбалерите се направени неколку исклучоци, но и тие скоро да не можат да бидат изземени од обврската, освен ако се носители на олимписко злато.