Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ), која е задолжена за фудбалски правила, следната недела ќе разговара за неколку промени поврзани со пеналите и измените на натпреварите, објави англискиот весник „Телеграф“.
Еден од предлозите што се разгледуваат е да се отстрани можноста за постигнување на гол по промашен пенал. Во случај на промашен удар од белата точка, играта ќе биде запрена и ќе се изведе аут. Ова ќе го реши проблемот со предвремено влегување во шеснаесетникот при изведување на пенали.
Друга можна промена е применувањето на зборот „намерно” играње со рака, бидејќи не постои јасна дефиниција за тоа, а самите судии мораат да судат дали таа ситуација е намерна игра или не . Ако оваа промена биде прифатена, пеналот веќе ќе зависи од тоа дали раката е во природна положба.
Другите промени се однесуваат на измените, да не биде дозволено измени во судиско продолжение и тие да се прават на тој начин што играчот кој излегува да го напушти теренот од најблиската линија од каде што е, а не како досега на средината на теренот.