Романскиот дефанзивец во редовите на Лацио Стефан Раду потпиша нов договор со популарните „орли“, објави официјалниот сајт на клубот.
Новиот договор на Раду со Лацио ќе го задржи на „Олимпико“ до 30 јуни 2021 година. Раду дојде во Лацио во 2008 година кога клубот го купи од Динамо (Букурешт).
Романецот досега има одиграно 317 натпревари и постигнато 7 гола во дресот на римските „орли“.