Менаџерот на Ливерпул, Јуирген Клоп, сепак го остави надвор од тимот Швајцарецот Џердан Шаќири за утрешниот меч со Црвена Звезда во ЛШ. Швајцарецот нема да патува со екпата за Белград, откако стана јасно дека тој не е добредојден во српската престолнина.
„Слушнавме и прочитавме за тоа каков би можел да биде приемот на Шаќири, иако немаме навистина поим што би можело да се случи. Сакаме да одиме таму и да бидеме фокусирани 100% на фудбал и да не размислуваме за друго. Ние сме Ливерпул, голем клуб. Немаме политичка порака, сакаме фокусот да биде на одлична фудбалска игра“, истакнал Клоп.
Менаџерот на „црвените“ надополни дека во тимот се враќаат повредените Дејан Ловрен и Наби Кеита, а ќе отсуствува Џордан Хендерсон.