Француски весник „Франс Фудбал“ синоќа објави информација дека поранешниот менаџер на Арсенал Арсен Венгер ќе седне на клупата на Милан на местото на Џенаро Гатузо.
Според истиот извор, Венгер постигнал договор со италијанскиот гигант, откако се сретнал со сопственикот на клубот Гордон Сингер.
Гатузо е во серија од три победи во една недела и со тоа успеа да ја спаси својата позиција откако претходно имаше два порази од Интер и Бетис.
Уште пред некоја недела Арсен Венгер најави дека нема да замине во пензија, туку во новата година ќе му се врати на тренерскиот повик и повторно ќе води врвен тим. Во својата кариера Арсен венгер најмногу се задржа на клупата на Арсенал, а ги има водено и екипите на Нанси, Монако и јапонската Нагоја.