Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Продолжува Лигата на шампионите, клучни натпревари за некои екипи
    Фудбал

    Продолжува Лигата на шампионите, клучни натпревари за некои екипи

    risteBy riste06/11/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите продолжуваат и тоа со вториот круг на натпревари, односно денес започнува 4-то коло, по кое ќе бидат јасни многу работи за тоа кој ќе оди понатаму, а кој ќе се прости од шансите за играње во ЛШ во следната година.

    Со најголем интерес се очекува дуелот меѓу Наполи и ПСЖ, кој може да одговори на прашањето кој од двата тима ќе продолжи во осминафиналето. Натпреварот меѓу нив во Париз заврши 2:2 и евентуално нов лош резултат значително ќе ја искомплицира  ситуацијата за францускиот гигант. Во другиот натпревар од групата „Ц“, Ливерпул гостува кај Црвена Ѕвезда и ќе се обиде со победа да остане на врвот.

    Во групата „Б“, Интер ја пречекува Барселона со амбиција да победи и да се реваншира за поразот од 2:0 на „Камп ноу“. Каталонците се еден од трите тима со максимален учинок до моментов и нов успех ќе значи обезбедување место во следната фаза. За Интер, победата е поважна. „Нероазурите” имаат можност да се зацврстат на втората позиција пред Тотенхем и ПСВ, кои играат меѓусебен дуел во Лондон. И едната и другата екипа се свесни дека само победата може да ги остави во битката за второто место.

    Во групата „А“ Атлетико Мадрид мора да се и се реваншира на Борусија (Дортмунд) за поразот 4:0 во Германија. Двата тима се фаворити за првите две места, а евентуалниот успех на Атлетко ќе ги изедначи според бодовите со тимот на Дортмунд. На другиот натпревар, Монако е домаќин на Бриж. Французите не успеаја во лигата, но не смее да се потценува нивното учество во ЛШ. Тиери Анри се надева дека ќе ја забележи првата победа на чело на Монако, а Бриж се чини дека е ривал по мерка за тоа.

    Во групата „Д“ лидерот Порто го пречекува тимот на Локомотив (Москва), кој нема освоено бод. Натпреварот помеѓу Шалке 04 и Галатасарај ќе биде клучен за конечниот пласман. Германскиот тим во моментов има бод повеќе од турскиот тим.

    Натпреварите од Лигата на шампионите вечерва се играат во два термини од 18.55 часот и од 21.00 часот, а ќе ги следите во живо низ нашата програма.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.