Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, рече дека тимот си ја завршил работата на гостувањето кај Интер.
Иако натпреварот заврши со резултат 1:1, Каталонскиот тим стана првата екипа што се квалификуваше за следната фаза од Лигата на шампионите. Тренерот на Барса објасни зошто не играл повредениот Лионел Меси.
„Игравме многу добар натпревар. Нашата цел беше да обезбедиме пласман во осминафинале, но исто така да победиме да бидеме на првото место во групата. Покажавме убав фудбал, но ни недостигаше одредена прецизност. Интер не за прв пат покажува дека е многу опасен во последните минути, тие веќе освоија многу поени на овој начин. Сепак, задоволни сме што две кола пред крајот на групната фаза веќе се квалификувабме во фазата на елиминации”, рече Валверде.
„Не сакавме да ризикуваме со Меси. Тренингот е едно, а натпревараот е сосема различен. Знаевме дека се соочувавме со тешки натпревари и немаше поента да преземање на непотребни ризици. Разговаравме со Лео и мислевме дека е најдобро тој да не настапи на оваа средба”, објасни тренерот на Барселона.