Раководството на Манчестер Јунајтед ќе го продолжи договорот на дефанзивецот Фил Џоунс, објави весникот „Сан“.
Иднината на дефанзивецот на „Олд Трафорд” се уште не е јасна и постои голема веројатност тој да се раздели со тимот, но од клубот немаат намера да го пуштаат без пари.
Токму затоа тие повторно ќе седнат и ќе разговараат со него, а при евентуална продажба тимот ќе направи добра заработка богатство.
Во договорот на дефанзивецот, кој истекува во летото следната година, има дополнителна опција за продолжување за уште година и токму неа ќе ја искористат од Манчестер Јунајтед.
Жозе Мурињо во принцип му се допаѓа англискиот репрезентативец, но Џоунс страда често од повреди и тоа му пречи да се етаблира како првотимец во екипата на Мурињо.

