Шпанскиот прволигаш Селта Виго го отпушти тренерот Антонио Мохамед. Лошите резултати од почетокот на сезоната му пресудија.
Аргентинецот заминува од кормилото на тимот по полседниот пораз кој момците од Виго го претрпеа на домашен терен од Реал Мадрид со 4:2.
Селта има само една победа во последните девет натпревари од шпанскиот шампионат и се наоѓа на 14 место со само 14 освоени бода.