Голманот на Атлетико (М) Јан Облак е сериозно гневен на клупското раководство кое се уште не му достави предлог за нов договор. Облак верува дека како што тоа се случи со другите ѕвездите на тимот Антоан Гризман, Саул и Коке и за него атлетико треба да подготви нов подобрен договор.
Според неколку медиуми, Словенецот е подготвен да го напушти тимот во јануари, бидејќи се чувствува потценет од раководството на клубот. Тековниот договор на Облак со клубот е до летото 2021 година.
Облак одамна е интересен за некои од најдобрите европски клубови.