Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Мората призна дека ја врати формата со помош на психолог
    Фудбал

    Мората призна дека ја врати формата со помош на психолог

    risteBy riste15/11/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот на Челзи Алваро Морати, кој постигна четири гола во Премиерлигата од почетокот на октомври, откри дека ја вратил најдобрата форма благодарение на професионалната помош на психолог.

    Шпанецот беше привлечен на „Стемфорд Бриџ” во текот на летото на 2017-та за рекордна сума за клубот од 70 милиони фунти. Тој ја започна својата кариера во Челзи на  совршен начин, откако постигна седум гола во првите седум натпревари во Премиерлигата, но потоа влезе во криза и успеа да постигне погодок само три пати од декември до крајот на сезоната. Мората призна дека во текот на летото дури мислел да замине од Лондон, но потоа ја добил споменатата помош и сега се чувствува исклучително среќен во Англија.

    „Никогаш не мислев за тоа да посетувам психолог. Кога фудбалер ќе го слушне зборот „психолог”, првично негодува, така беше и со мене, но потоа сфатив дека имам потреба од помош. Во почетокот се чувствувате малку непријатно, му раскажував на психологот за своите проблеми. Потоа, со помош на сите околу мене, јас успеав да ја повратам својата среќа од фудбалот. Ова лето повеќе пати си велев дека сакам да одам во тим во кој ќе се чувствувам повторно среќен без тензија. Сега сепак се чувствувам среќен во Челзи и во националниот тим”, изјави Мората.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.