Големата ѕвезда Кристијано Роналдо ќе се венча со неговата девојка Георгина Родригез, пренесоа португалските медиуми.
Ѕвездата на Јувентус и понудил брак на шпанската убавица и таа му одговорила со „да”, а тоа се случило за време на краткиот романтичен одмор во Лондон, на кој двојката ужива во последните денови.
Георгина дури веќе почнала да ги посетува најпознатите бутици и да бара венчаници, пишуваат весниците во Португалија.
Роналдо се запозна со Георгина во продавница на „Гучи“ во центарот на Мадрид во јуни 2016 година и од тогаш до денес се неразделни.