Македонските фудбалски репрезентативци најнапред го одработија последниот тренинг пред утрешниот натпревар со Лихтенштакн, а потоа беше одржана и официјалната прес-конференција на која селекторот Игор Ангеловски најави оставање зад себе на неуспехот од минатиот месец во Ереван.
„Тоа што се случи во Ерменија е минато за сите нас и сега размислуваме само за дуелот со Лихенштајн. Атмосферата секогаш била на највисоко ниво, ќе изберам 11 фудбалери кои треба да ни донесат победа утревечер. Верував во оваа репрезентација кога малкумина веруваа. Но, главното што треба да го направат е утревечер. Не е важно против кого играме, туку за што играме. А утре играме за голема цел. Сите момци одработија добри подготвени, како и Столе Димитривески. Јас кажав дека тој е прв голман, тој брани во Ла Лига и воопшто не се сомневам ни во него, ни во останатите. Наша цел беше да дојдеме неколку дена порано и да се аклиматизираме, но и да го избегнеме дополнителниот напор на пристигнување до Скопје“, изјави селекторот Игор Ангеловски.
На последниот натпревар кој го игравме во Вадуц против Лихтенштајн нашата репрезентација победи со 0:3, посакуваме така да биде и утре.