Капитенот на нашата фудбалска репрезентација Горан Пандев ќе го одигра својот 99-ти натпревар во дресот на националната репрезентација и е мотивиран да започнат нова позитивна серија по поразот од Ерменија.
Пандев не играше многу во последниот месец за својот клуб Џенова, но затоа е подготвен да одигра максимално во репрезентацијата.
„Поразот во Ерменија беше една лоша вечер за нас, но и за судијата. Но, сега мислеме на она што не очекува , а то ае Лихтенштајн. Добро се познаваме, често играме против нив во последните години и мислам дека ако одиграме како што знаеме, нема да имаме проблеми. Уште сме први во групата и не знам зошто толку трагично во нашата земја беше сфатен овој пораз. Ова е нашата најквалитетна селекција и тоа ќе го докажеме. Само да влеземе со чисти глави и нема да имаме никакви проблеми. Разликата од 100 места на ФИФА ранг листата со Лихтенштајн не мора ништо да значи. Пред три години бевме многу блиски до нив, па направивме позитивна серија и се искачивме многу повисоко. Најважни е утре да завршиме како победници и да ги освоиме трите бода, без разлика со кој резултат, па потоа в понеделник да го прославиме првото место во групата“, истакна капитенот Пандев.