Англискиот фудбалер Вејн Руни изјави дека нема да го заборави својот последен настап во дресот н арепрезентацијата на Англија. Синоќа, тој влезе од клупата за резерви и го одигра 120-от натпревар за Англија, со тоа го заврши настапот за својата селекција,а беше испратен од навивачите на „Вембли“.
Англичаните победија САД со 3:0 во контролниот натпрева, иако ветеранот не успеа да постигне погодок истакна дека се било прекрасно и многу емотивно за него.
„Да бидам на „Вембли“, пред нашите навивачи, кои беа одлични и неверојатно ме примија, е момент на кој што ќе се сеќавам цел живот. Ова се случува за прв пат и се надевам дека наредните години и други играчи ќе го доживеат она што го доживеав јас и ќе бидат почестени за крај на кариера во националниот тим”, изјави Руни.
„Беше прекрасно да се биде со момчињата овие денови. За жал, не успеав да постигнам гол, но тимот играше добро, а тоа е одличен начин да ја завршам мојата кариера за репрезентацијата”, додаде тој.
„Верувам дека ова е голема почит за оние кои оставија свој белег во тимот и сигурен сум дека тоа ќе се случи повторно. Го замолив Хари Кејн да ми ја даде наградата и се надевам дека по 10 години јас ќе бидам тој што ќе му возврати”, заврши Вејн Руни.
Тој играше за репрезентацијата на Англија на 6 големи натпреварувања, но неговата селекција не успеа да стигне подалеку од ¼ финале, сепак на овие 120 натпревари стана најдобар стрелец за тимот со 53 постинати голови.