Интер ќе треба да продава некој од своите водечки фудбалери за 50 милиони евра за да ги покријат барањата на УЕФА за усогласување на финансискиот ферплеј, објавија медиумите во Италија.
Ова мора да се направи најдоцна до 30 јуни 2019 година. Во спротивно може да предизвика строга казна за прекршување на правилата.
Минатата година, на „Џузепе Меаца“ се соочија со истиот проблем. Клубот потоа се раздели со млади играчи, но во нивните договори вклучуваат откупна клаузула. Меѓу нив се и Џанлука Капрари и Федерико Димарко, кои играат во Сампдорија и Парма. Но,на крајот од оваа сезона Интер нема да може да ги заобиколи правилата, па се очекува да продаде една од ѕвездите.
Во момнетов според вредноста на фудбалерите тоа може да бидат Милан Шкриниар кој е поврзуван со Барселона, а неговата вредност е околу 50 милиони евра. Цената на Иван Перишиќ е за 5 милиони евра пониска, а по 40 милиони евра чинат Стефан де Врај, Марсело Брозовиќ и Раџа Наинголан.