Преставници на Барсеона веќе почнале разговори со Борусија Дортмунд и Гуанжу Евергранде за продажба на Пако Алкасер и Паулињо, кои во моментов се дадени на позајмица во споменатите клубови, пишува „Мундо Депортиво“.
Германците и Кинезите имаат можност да ги откупат играчите најдоцна во текот на летото, но од Барселона сакаат да се договорат сега за да ги добијат парите веднаш. Борусија мора да плати 23 милиони евра за Алкасер и во оваа фаза овој договор изгледа безбеден, бидејќи шпанскиот играч има исклучителен настап во Бундеслигата.
Во исто време, договорот со Кинезите е да платат за Паулињо 50 милиони евра ако одлучат да го задржат, што е исто така многу веројатно. Бразилецот играч во средниот ред, а постигна 13 гола во 19 натпревари досега. Потенцијалните 73 милиони евра би биле инвестирани од страна на Барселона во зимскиот преоден рок.

