Фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн, кој има постигнато 19 голови за „Гордиот Албион“, вели дека ќе се обиде да стане најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација и да го престигне рекордерот, Вејн Руни, кој има 53 голови.
„Тоа е една од моите желби. Знам дека сега изгледа како тешка задача, но, ќе одам чекор по чекор и по неколку години ќе видиме до каде сум стигнал и колку е реално да го престигнам Руни“ – потенцирал Кејн.
Напаѓачот на Англија кој беше прогласен за најдобар стрелец на летниот Мундијал во Русија, нема постигнато гол за неговата селекција во последните 7 мечеви.
