Играчот на Реал Мадрид Каземиро ќе биде надвор од теренот еден месец поради повреда, објавија од неговата екипа.
Еден од главните играчи на „Кралскиот клуб“ во последниве години доживеа повреда на зглобот и нема да игра на претстојните натпревари во Лигата на шампионите и шампионатот на Шпанија.
Реал Мадрид се надева дека играчот ќе се опорави порано од предвиденото и ќе може да влезе во игра на натпеварот од светскиот клупски шампионат во Абу Даби кој се игра во декември, а Реал Мадрид ½ финалниот натпревар треба да го игра на 19 декември, додека евентуалното финале на 22 декември.