Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, наскоро може да се врати на работа и тоа повторно како селектор.
Според шпанските изданија, раководството на Фудбалската федерација на САД е заинтересирано за услугите на шпанскиот специјалист. Американците се во потрега по нов селектор, а Лопетеги би бил добра инвестиција во развојот на репрезентативниот фудбал во оваа земја. Во моментов САД има многу млади фудбалери во тимот, а искуството на Лопетеги, кој работел со младите во шпанската репрезентација, ќе биде добредојдено.
Во моментов, САД имаат в.д. селектор во името на Дејв Сарачан, под чие раководство тимот загуби на тест-дуелите со Англија и Италија.

