По одигрувањето на синоќешните последните натпревари во групите од Лигата на нации полека стана јасно како ќе изгледаат и шеширите за престојната ждрепка за квалификациските групи за ЕП 2020 година.
Ждрепката е закажана на 2 декември во Даблин (Р. Ирска), а репрезентациите се сместени во квалитативни шешири според пласманот во Лигата на нации. Македонија не успеа да биде најдобра во Лигата „Д”, па така Грузија се протна во четвртиот шешир, додка Македонија остана меѓу репрезентациите од петтиот шешир.
Нашата сениорска селекција е заедно со репрезентациите на Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Гибралтар, Казахстан, Косово, Луксембург, Молдавија и Фарски Острови, кои не можат да ни бидат противници во квалификациската група.
Во најсилната група селекции од првиот шешир се Белгија, Хрватска, Франција, Италија, Шпанија, Полска.
Втор шешир: Босна и Херцеговина, Австрија, Чешка, Данска, Исланд, Русија, Шведска, Украина, Велс, Германија.
Трет шешир: Финска, Северна Ирска, Норвешка, Република Ирска, Србија, Словачка, Турција, Бугарија, Израел, Шкотска.
Четврти шешир: Албанија, Кипар, Естонија, Грузија, Грција, Литванија, Црна Гора, Словенија, Романија, Унгарија.
Петти шешир: Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Гибралтар, Казахстан, Косово, Луксембург, Македонија, Молдавија, Фарски Острови.
Шести шешир: Андора, Летонија, Лихтенштајн, Сан Марино, Малта.
Ќе бидат извлечени вкупно 10 групи, пет со по шест и пет со по пет репрезентации, а пласман на ЕП ќе обезбедат најдобрите две од секоја група.

