Фудбалската легенда на Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба, потврди дека ја завршува својата 20-годишна фудбаска кариера.
40-годишниот Дрогба, кој е голгетер број 1 во историјата на националниот тим и најдобар странец реализатор во дресот на Челзи, на својот Инстаграм прфил ја објави пораката дека се повлекува од терените.
„Кога размислувам за последните 20 години од својата професионална кариера, ја гледам оваа слика и не можам да не бидам горд со тоа што сум го постигнал. Но најглавното е дека сето ова ме формира како личност. Ако некој ви каже дека соништата се неостварливи – само кажете благодарам и вложувајте максимални напори да ги остварите“, напиша Дрогба.
Поранешниот репрезентативец на Брегот на слоновата коска имаше брилијантна кариера во Европа, постигнувајќи го својот најголем успех во девет сезони со тимот на Челзи. Во последните 18 месеци, Дрогба играше за екипата на Феникс Рајзинг во САД.