Премиерлигашот Арсенал е заинтересиран за играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Јулијан Вајгл, објави „Спорт Билд“.
23-годишниот фудбалер влезе во центарот на вниманието на „топџиите“ кои размислуваат да испратат понуда за него во текот на оваа зима.
Вајгл беше привлечен во Борусија во 2015 од Минхен 1860 и брзо стана еден од најдобрите млади играчи во Германија. Со неговата смиреност, техника и вештина се наметна кај тренерот, кој го споредува со играчот од средниот ред на барселона , Серхио Бускетс .
Во првите три сезони со тимот на Борусија Дортмунд, Вајгл стана главна фигура во тимот и одигра 85 натпревари во Бундеслигата. По серијата повреди и доаѓањето на Аксел Витсел во клубот, сепак, за време на тековната сезона играчот од средниот ред игра помалку. Тоа е она што му дава надеж на Арсенал за да може да го убеди да ја промени средината и да се одлучи да дојде на „Емирати“.