Раководството на Баерн (М) викендов повторно ја разгледувало позицијата на Нико Ковач на кормилото на клубот, по ремито со Фортуна Дизелдорф во последното коло. Според информација на весникот „Билд“, Хрватот би може да биде разрешен од функцијата во случај на нов неуспех, овој пат на мечот од Лигата на шампионите против екипата на Бенфика.
Претходно, претседателот на составот од Баварија, Ули Хенес, му кажал на Ковач дека дефинитивно ќе ја задржи функцијата за натпреварот во Лигата на шампионите, но не му гарантирал дека и по оваа средба со Португалците ќе биде на своето работно место. Според германските медиуми, оваа гаранција ќе важи само за еден натпревар.