Играчот кој се смета за најскапо купениот фудбалер во историјата на Барселона Филипе Кутињо е опоравен од повредата и се најде во групата за претстојниот натпревар од Лигата на Шампионите со ПСВ Ајндховен.
Бразилецот беше повреден на натпреварот со Интер и ги пропушти последните три недели. Иван Ракитиќ исто така ќе му биде достапен на тренерот Ернесто Валверде. Проблемите за тренерот сепак се доста големи, на повредените Томас Вермален и Сержи Сампер им се приклучија Рафиња Алкантара, Сержи Роберто , Луис Суарез, Јаспер Силесен и Артур. Проширениот состав на Барса се состои од 21 фудбалери.

Покрај Марк-Андре Тер Штеген другите двајца голмани се од вториот тим на Барселона: Пенја и Јокин Ескиета. Дуелот во Холандија ќе се игра во среда вечер.
