Фудбалерот на Челзи, Еден Азар, повторно внесе немир кај раководните луѓе и фановите откако по поразот од Тотенхем во дербито на колото, индиректно најави дека планира да си замине од „Стемфорд Бриџ“.
Медиумите и претходно најавуваа дека репрезентативецот на Белгија набрзо може да замине во Реал Мадрид или во ПСЖ на што луцидниот напаѓач даде јасен одговор.
„Имав контакти со ПСЖ, но, не ме интересираат парите. Нема никогаш да играм за тој клуб, пред се од почит кон Лил. Таму се изградив како фудбалер и не би можел да носам дрес на друг клуб во Франција“ -изјави Азар. Н

