Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Време е за решавачки натпревари во Лигата на шампионите
    Фудбал

    Време е за решавачки натпревари во Лигата на шампионите

    risteBy riste27/11/2018No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите и битката за пласман во елиминациската фаза од елитното натпреварување. Не очекуваат осум натпревари од групите Е, Ф, Г и Х кои се распоредени во традиционалните термини оваа сезона, од 18.55 часот и од 21.00 часот.

    Неколку тимови се многу блиску до следната фаза. Меѓу нив е италијанскиот шампион Јувентус, кој во минатото коло загуби изненадувачки дома со 1:2 од Манчестер Јунајтед во групата Х и денес има потреба само од бод против Валенсија, за да продолжи понатаму во ЛШ. Во меѓувреме, „Црвените Ѓаволи“ го пречекуваат аутсајдерот Јанг Бојс и ним им е неопходна победата. Манчестер Јунајтед ќе биде сигурен ако победи, а во исто време Валенсија не успее да победи во Торино. Јанг Бојс е надвор од битката за пласман понатаму, но имаат минимална шанса за третото место доколку победат на „Олд Трафорд“.

    Во групата Г вниманието е свртено кон битката за врвот во Рим меѓу домашната екипа на Рома и актуелниот носител на трофејот Реал Мадрид. Во септември Реал победи во Мадрид со 3:0, но оттогаш тимот бележи пад, но  истото може да се каже и за Рома во Серија А. ЛШ сепак е друго натпреварување и двата тима се должни да го покажат своето вистинско. Во вториот натпревар од групата ЦСКА Москва ја пречекува Викторија Плзен. Рускиот тим има минимални шанси за осминафиналето, но победа или нерешено ќе им обезбеди продолжување во Лига Европа.

    Исклучително интересен дуел не очекува во групата Ф, каде еден од главните фаворити за трофејот Манчестер Сити гостува кај Олимпик Лион. „Граѓаните” ќе бараат реванш поради поразот од французите во првиот натпревар кој го загубија дома со 1:2 на 19 септември. Лион мора да освои барем бод, за да ги задржи шансите за осминафиналето, а тоа може да се покаже и доволно, ако во другиот натпревар од групата Хофенхајм и Шахтјор одиграат нерешено.

    Во групата Е, Баерн ја пречекува Бенфика. Баварците се лидер во групата со 10 поени и потребно им е да освојат барем бод за пласман во 1/8-финалето. Тимот од Лисабон е трет со 4 бода и има потреба од задолжителен успех, но треба да чека победа на грчкиот АЕК над Ајакс, за да ги задржи теоретските шанси за да продолжи понатаму. Дуелот е важен за баварците, кои се далеку од посакуваната форма во Бундеслигата, а во Германија веќе отворено се зборува за замена на тренерот Нико Ковач.

    Натпреварите АЕК – Ајакс и ЦСКА Москва – Плзен се играат од 18.55 часот додека останатите шест натпревари ќе бидат одиграни во терминот од 21.00 часот и ќе ги следите низ нашата програма.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.