Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд Шинџи Кагава е незадоволен од малата минутажа која ја има во својата екипа оваа сезона, и се надева дека ќе може да го напушти клубот уште во јануарскиот преоден рок, изјави Јапонецот пред германските медиуми.
„Сакам да ја расчистам сегашната ситуација што е можно поскоро. Една од опциите е да го променам тимот, но повеќе сакам да ја променам целосно средината”, изјави 29-годишниот Јапонец.
„Сум играл за Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед, па не ми е страв од промени. Секогаш сепак сум се надевал дека еден ден ќе можам да играм во Шпанија. Се надевам дека ова ќе се случи пред да се откажат од фудбалот. Сметам дека тоа е најдобар и најголем предизвик во мојата кариера“, додаде Кагава. Во моментов медиумите во Германија тврдат дека интерес за Јапонецот има единствено од страна на Штутгарт.