УЕФА соопшти дека натпреварот од петтото коло од групната фаза на Лигата на Европа меѓу украинскиот тим Ворскла и англискиот Арсенал е преместен од Полтава во Киев поради безбедносни причини.
Вчера, парламентот го одобри декретот на претседателот на Украина, Петро Порошенко, за воведување на воена состојба во земјата од денес, поради конфликтот со Русија. Ова ја принуди УЕФА итно да свика состанок на кој натпреварот Ворскла – Арсенал беше преместен на „Олимпискиот стадион“ во Киев утре во 18.55.
„УЕФА ќе продолжи да ја следи ситуацијата во Украина и можно е и другите натпревари да бидат презакажани”, објавија од УЕФА.