Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, сака максимално да ги мотивира неговите фудбалери за денешниот меч со Тотенхем во Лигата на фудбалските шампиони. Италијанците ќе гостуваат на легендарниот „Вембли“ со тенденција да ги освојат бодовите и да го заверат пласманот во наредната фаза.
„Способни сме да одиграме добар натпревар против секој противник. Тотенхем е подготвен брилијантно како на тактички така и на технички план“ – вели Спалети.
„Сега е моментот да видиме дали сме вистинскиот Интер. Во лигата на шампионите има тимови кои го достигна максимумот. Ние мора да го гледаме мечот како последна шанса за пласман во елиминациите. Верувам дека фудбалерите ќе одиграат борбено„ – вели тренерот на Интер.