Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон изјави дека е многу разочаран од поразот на гостувањето кај ПСЖ синоќа. „Црвените“ беа поразени со 2:1 и сега дополнително се под притисок пред последното коло во групата каде ќе се решава пласманот во осминафиналето.
„Тоа не беше наша вечер, иако сметавме дека сме подготвени за победа. Сега треба да одиме на успех на “Енфилд” против Наполи. Се уште ја држиме нашата судбина во свои раце”, прокоментирал Хендерсон.