Тренерот на Интер, Лучијано Спалети беше крајно разочаран по поразот со 1:0 на гостувањето кај Тотенхем на “Вембли” во синоќешниот меч од Лигата на шампионите. Ако во последното коло од групната фаза Англичените ја победат Барса на “Камп Ноу” или извлечат нерешено, а миланскиот тим не успее против ПСВ Ајндховен, тогаш Италијанците ќе се збогуваат со желбите за осминафинале.
„Во голема мера го сторивме она што требаше да го направиме. Имаше неколку минути кои беа исклучок. На крајот сме многу разочарани од резултатот. Ќе одиграме следниот натпревар со ПСВ, ќе се обидеме да победиме и ќе видиме што ќе се случи“, изјави Спалети на прес-конференцијата по натпреварот.
„Едноставно како да не ги искористивме ситуациите. Направив голема грешка што не оставив Наинголан на клупа. Така изгубив една замена, но искрено да кажам, јас сум оптимист и верувам дека можеме да минеме групите“, дополни стратегот на „нероаѕурите“.

