Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Порто и Шалке се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампионите еден круг пред крајот на групната фаза од натпреварувањето.
Тие им се приклучија на носителот на трофејот од минатата сезона Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Баерн Минхен, Рома и Ајакс, кои исто така ќе учествуваат во фазата на директните елиминации следнава пролет.
Најинтересна за последната рунда останува ситуацијата во групата Ц каде што три тима имаат шанси да се пласираат на првите две позиции. ПСЖ го победи Ливерпул со 2-1 дома и има 8 бода на второ место во групата, додека Ливерпул има 6 на трето место. Наполи е прв со 9 бода, додека Црвена Ѕвезда има останува со 4 бода на последното место. Во групата Б, Тотенхем и Интер ќе се борат за второто место, при што двата тима имаат седум бода.