Манчестер Јунајтед веќе започна да бара заменик за голманот Давид Де Хеа, кој има договор со тимот до крајот на сезоната, иако Мурињо вчера истакна дека силно верува дека Шпанецот ќе го продолжи договорот со клубот.
Според авторитетни извори во Англија, дел од медиумите тврдат дека управата на „црвените ѓаволи“ е во контакт со голманот на Атлетико (Мадрид) Јан Облак и со младиот Џордан Пикфорд од Евертон, кои се фаворити да го заменат шпанскиот репрезентативец.
Многу е веројатно дека во јануари Јунајтед и ќе го продаде Де Хеа за да заработи барем неколку милиони од неговата продажба. Сепак, последната одлука ќе се знае по последната рунда преговори меѓу голманот и управата на тимот која треба да заврши до Нова Година.