Македонската фудбалска репрезентација остана на 68. место на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска. Нашата фудбалска репрезентација по победите над Лихтенштајн и Гибралтар обезбеди место во плеј-офот во лигата на нации, но не успеа да оствари напредок на ФИФА листата за овој месец.
Избраниците на Игор Ангеловски останаа на истата позиција како и минатиот месец, сега со 1343 бода, 5 повеќе во однос на минатиот ранкинг. Нашиот следен противник во плеј-офот во Лигата на нации, селекцијата на Косово направи значителен напредок на листата искачувајќи се за 6 места на 131. позиција.
На врвот на првите пет позиции немаше промени. Најуспешна светска селекција останува Белгија, пред Франција, Бразил, Хрватска и Англија.

