Фудбалерот, Кристијан Ериксен, набрзо може да го напушти составот на Тотенхем. Според објавеното во весникот – „Марка“, луѓето од „Вајт Харт Лејн“ се подготвени да му го продадат 26-годишниот Данец на шпанскиот Реал Мадрид за рекордни 250 милиони евра.
За челниците на „кралевите“, Ериксен е главен фаворит да го замени Хрватот, Лука Модриќ, кој набрзо ќе наполни 34. години а според шпекулациите може и да го напушти тимот.
Ериксен во тековнава сезона одигра 15 натпревари за Тотенхем, во кои постигна два гола и имаше пет асистенции.