Првиот човек на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез, соопшти дека големото Суперкласико меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс ќе се одигра на „Сантијаго Бернабе“.
Тој откри дека клучен фактор за одлуката бил првичниот разговор кој го имал со Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, кој експресно дал зелено светло за организирање на спектакуларниот натпревар без разлика на опасноста која го носи ривалството на двата клуба.
„ Натпреварот меѓу Ривер и Бока ќе се одигра на „Сантијаго Бернабе“ со присуство на двете навивачки групи. Натпреварот ќе се одигра на 9 декември во 20:30 часот“ – вели претседателот на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез.