Хрватскиот весник – „Јутарњи лист“, објави, дека фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, нема да одговара пред тамошните власти за давање на лажен исказ во случајот против екс-претседателот на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ.
Откако Апелациониот Суд ја потврдил одлуката на претходната истанца дека Модриќ не треба да одговара за кривичното дело за кое беше обвинет, целиот случај против него ќе биде прекинат.
Ќе потсетиме дека Лука Модриќ беше обвинет дека не ја кажувал вистината на судењето додека говорел за анексите од договорите за поделба на отштетата од трансферот меѓу него и клубот.