Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари го објави тимот за натпреварот кој го играат вечерва против Валенсија.
Меѓу избраните играчи се најде и Иско, кој не е во добри односи со тренерот и беше оставен надвор од составот на екипата за натпреварот против Рома од Лигата на шампионите. Но, сега на спсокот ги нема стандардните Тони Крос и Марсело, кои се пповредени. Каземиро и Начо Фернандез исто така продолжуваат да бидат на листата на повредени.
Од оваа групата на 20 играчи, двајца од нив ќе бидат елиминирани непосредно пред натпреварот, од кои еден сигурно ќе биде голман. Средбата на „Сантијаго Бернабеу“ вечерва започнува од 20:45 часот