Денес во Даблин беше одржана ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2020 година, кое за првпат ќе се одржи во повеќе земји. Нашата репрезентација беше извлечена од петтиот квалитативен шешир и се најде во групата Г заедно со селекциите на Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија.
Еве како изгледаат сите групи за квалификациите за ЕП 2020 година:
А: Англија, Чешка, Бугарија, Црна Гора, Косово
Б: Португалија, Украина, Србија, Литванија, Луксембург
Ц: Холандија, Германија, Северна Ирска, Естонија, Белорусија
Д: Швајцарија, Данска, Република Ирска, Грузија, Гибралтар
Е: Хрватска, Велс, Словачка, Унгарија, Азербејџан
Ф: Шпанија, Шведска, Норвешка, Романија, Фарски Острови, Малта
Г: Полска, Австрија, Израел, Словенија, МАКЕДОНИЈА, Летонија
Х: Франција, Исланд, Турција, Албанија, Молдавија, Андора
И: Белгија, Русија, Шкотска, Кипар, Казахстан, Сан Марино
Ј: Италија, БиХ, Финска, Грција, Ерменија, Лихтенштајн
Натпреварите од квалификациите за ова ЕП ќе се одиграат во периодот помеѓу март и ноември 2019 година. Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман на завршниот турнир, кој во 2020 година ќе се одржи во 12 различни земји во исто толку градови.
По квалификацискиот циклус ќе останат четири празни места, кои ќе бидат пополнети преку плеј-офот во Лигата на нации. Најдобрите четири селекции од секоја лига ќе бидат поделени во четири групи, а победниците на истите ќе се најдат меѓу најдобрите 24 на стариот континент и ќе се борат на титулата шампион на Европа.