Македонија ќе игра во грпата Г во квалификациите за ЕП 2020 година, а противници ни се Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија.
Дел од овие репрезентации беа и желба на нашиот селектор во пресред на извлекувањето на групите, но тој вели дека сепак се ке зависи од нас и тоа како ние ќе играме.
„Мислам дека добивме група во која се наоѓаат релативно израмнети репрезентации. Македонија влегува со нескриени амбиции, а притоа респектирајќи ги сите противници. Македонија не стравува од никого и може да се спротивстави со сите противници, само сплотено и тимски и со огромна поддршка од јавноста. Ние ќе одиме од натпревар во натпревар и се надевам дека ќе стигнеме до крајната цел, а тоа е пласман на Евро 2020. Откако ќе го дознаеме распоредот ќе започнеме со сите потребни активности за анализа и подобра подготовка на квалификациите“ изјави Ангеловски по ждребката во Даблин.